Преку „Систем 48“ во август решени 126 проблеми на граѓаните

Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец август, биле примени вкупно 150 пријави. Од нив решени се 126, останатите 24 пријави се во процес на
решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48
часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 92, од областа на собирањето смет 19, водовод и канализација 31 и останатите се од други области.
Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може навремено да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.

Напишете коментар