Се Чисти Просторот околу Спортската Сала Парк

Вработените во „Комуналец“ го чистат просторот околу спортската сала „Парк“
По чистењето на поголем број проблематични локации во градот, а на кои граѓаните не се откажуваат од своите лоши навики отпадот да го фрлаат на места кои немаат таква намена, вработените во работната единица „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска започнаа со чистење на дворната површина и просторот околу спортската сала „Парк“ во Струмица.
Во чистењето учествуваат повеќе вработени кои ја косат тревата, го собираат расфрланиот разновиден отпад, метат, а ги средуваат и дрвјата кои се наоѓаат на овој простор.
Од „Комуналец“ и денеска апелира до граѓаните да не создаваат диви депонии, туку да го користат бесплатниот телефонски број на општинскиот сервис „Систем 48“ 0800 148 48, но и телефонскиот број на „Комуналец“ 034 325 909 за да пријават кога имаат насобран отпад во своите домаќинства за да може истиот со возила на претпријатието навремено да биде подигнат.
Овој апел посебно се однесува на жителите околу улицата „Ѓорѓи Василев“ кои во континуитет на исто место создаваат дива депонија по секое подигање на отпадот од вработените во „Комуналец“. Последниот отпад е фрлен по само 48 часа од неговото подигање од вработените во „Комуналец“.

Напишете коментар