„Комуналец“ и Денеска го Чистеше Градскиот Плоштад

Плоштадот „Гоце Делчев“ целосно е испразнет од шанковите и сценските реквизити по завршувањето на најмасовната културно – забавна манифестација „Струмица опен фест“. Тоа овозможи Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и денеска да го продолжи чистењето. Рачно и со механизација со специјално парфимирано средство темелно се чистат гранитните плочки. Со вакво чистење ќе биде опфатен секој дел од плоштадот, но и околните улици, а истите ќе бидат и дезинфицирани.

Вработените на „Комуналец“ уште од раните утрински часови беа на терен. Ја косеа тревата на булеварот „Маршал Тито“, а се миеја булеварите и улиците во централното градско подрачје. Во овој период, миењето се врши на секои два дена.

Напишете коментар