Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на целата држава

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од овој вирус, покрај олабавувањето на рестриктивните мерки.

Потребно е задолжително носење на заштитна опрема, често миење и дезинфицирање на раце, како и одржување на потребната физичка дистанца од 1,5 до 2 метри. Само преку почитување на овие мерки, ние може да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските. Од сите нас зависи успешното справување со коронавирусот.

Напишете коментар