„Комуналец“ и општина Струмица со итна интервенција во градот и селата по снежните врнежи

По првиот паднат снег на територијата на општина Струмица, зимската служба на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ излезе на терен и почна со чистење на улиците во градот. Ангажирани се вработени лица и возила за ваква намена. Покрај улиците во градот се чисти на локалните патишта и во населените места. Фирмата Клико градба е веќе во Куклиш и го чисти патот од Куклиш кон Свидовица, а се чисти и во Муртино. Од снежните врнежи се чистат и локалните патишта од Струмица кон населените места Добрејци и Просениково.
Од „Комуналец“ велат дека се комплетно подготвено за справување со последиците од снегот и ниските температури кои што се најавуваат за во наредните денови.
Чистењето се врши согласно Програмата за одржување на улици и локални патишта во зимски услови донесена на Советот на општина Струмица. Согласно таа Програма ангажирани се фирми кои што поседуваат соодветна механизација за чистење на улиците и локалните патишта од снежните врнежи.
Општинскиот штаб за заштита и спасување ја следи состојбата и е во постојан контакт со „Комуналец“ и останатите фирми кои ќе продолжат да работат на терен.

Напишете коментар