Од среда УМНИ ГЛАВИ стартува на ТВ екраните

Од среда стартува првиот телевизиски проект во реализација на волонтерите од Младински Совет и стручната екипа на ТВ канал ВИС. За првпат соработката со четирите средни училишта во општина Струмица ќе биде прикажана на вашите ТВ екрани.

Четири дена неделно на ТВ канал ВИС ќе може да ги следите премиерните и репризни изданија на квизот на кој се натпреваруваат средношколци од различни возрасти.
Секоја среда и сабота од 18:25 премиерно и секој четврток и недела од 12:05 репризно нашите умни глави ќе ги покажат своите општи познавања од повеќе области.

Во првата емисија ќе ги гледате тимот БАС од СОУ „Јане Сандански“ и Тројански вирус од СОУ „Димитар Влахов“. Васко Манавски и Стефан Крсмановиќ за тимот БАС наспроти Никола Гогов и Гордана Понова за Тројански вирус.

Вкупно 32 ученика ќе бидат дел од најголемиот наш проект во 2016 година кој има за цел да го зголеми натпреварувачкиот дух меѓу младите. Освен нив, позади завесите се наоѓаат и нашите умни глави кои се погрижија за концепцијата, правилата, прашањата, изгледот на студиото, техничката реализација. Домаќини на квизот се Софија Андонова и Вероника Поповска кои со својот ентузијазам и храброст ќе ја одбележат првата сезона на квизот Умни глави.

Напишете коментар