Зорица Михајлова потпиша за Малага

Пикерот на младинската репрезентација на Македонија, Зорица Михајлова во новата сезона се сели во Шпанија и ќе настапува за Малага. Младата ракометарка од Струмица нема да биде единствената Македонка во Малага бидејќи Савица Мрќиќ уште на почетокот на јули потпиша договор за истиот клуб.

Михајлова потекнува од школата на ЖРК Струма, а последните две сезони ги помина во дресот на ЖРК Жито Прилеп.

Екипата на Малага во новата сезона ќе настапува во понизог ранг на натпреварување бидејќи во минатата сезона клубот заврши на 10-то место и не успеа да обезбеди опстанок во најсилната ракометна лига во Шпанија.
преземено од 24rakomet.mk

Напишете коментар