Здружението „НОВУС“ oбјавува повик за фото приказна на тема „Струмица и секојдневието“

По повод четири години од oсновањето, здружението „НОВУС“ oбјавува повик за фото приказна на тема „Струмица и секојдневието“.

Целта е да се прикаже секојдневието во Струмица, гледано низ наративот на фотографијата, со фокус на длабоки, тематски приказни од заедницата.

Заинтересираните покрај фотографијата/фотографиите треба да достават и информации за нив, позадина на проблемот и порака што произлегува од фотографијата.

Најдобрите 3 фото-приказни ќе бидат наградени, а сите пристигнати ќе бидат изложени и презентирани пред јавноста.

Рокот за доставување е до 26 Февруари по електронски пат на [email protected]

Напишете коментар