“Зближување на македонскиот и турскиот јазик преку музика и песна”

На 17.10.2017 во ООМУ БОРО ЏОНИ – Струмица со почеток во 19.30 се одржа музичко-сценски настап во организација на Здружение за негување на традиционални вредности ПОТОМСТВО – Струмица.
Учество на музичко сценскиот настап зедоа десетина дечиња од македонската и турската етничка заедница.

Тоа беше последен настан од проектот “Зближување на македонскиот и турскиот јазик преку музика и песна” кој е финансиран од програмата Г1 на Општина Струмица.

По завршувањето на настанот на дечињата им беа врачени благодарници за учество во проектот.
Повеќе од 25 дечиња учествуваа во проектот кој траеше 7 месеци.

Публиката со долг аплауз ја поздрави успешната работа на дечињата и нивните ментори.

Ментори на музичко сценскиот настап беа Проф. Ана Тимова, Проф. Аида Беќирова и Проф. Игор Ангелов.

Напишете коментар