Завршен настан на Здружението за музика, уметност и култура ХАРМОНИЈА АКОРД Струмица

Здружението за музика, уметност и култура ХАРМОНИЈА АКОРД Струмица, го реализираше завршниот настан на проектот “Децата ја создаваат музиката – Музиката ги создава децата” подржан од општина Струмица, а кој се одржа во среда 05.10.2016 година во 13 : 30 часот во ООУ Герас Цунев во село Просениково. Овој ден го избравме поради тоа што денес е ден на учителот а воедно е во склоп на неделата на детето.
Главна целна проектот бешe да ги истакнеме интелектуалните и музичките потенцијали кај децата од социјалните и етничките рурални срединии да ги усмериме кон создавање на музика, како и запознавање со основнините поими за музиката и музичките инструменти.
Во овој проект деа опфатени деца на возраст од 6 – 13 години. Меѓу тие деца имаше многу кои се талентирани и желни за оснозавање на основите на музиката, а задачата на овој проект беше да овозможи да допрат до овие моменти од развојот на својата личност, да го потикнат својот талент и на едноставен начин да се поттикне љубовта кон музиката. Целта бешe да се приближи феноменот на звукот, кој се креираше на предмети кои не се класични инструменти a од кои произлегува музика. На крајот произлезе музичка композиција koја заеднички ја подготвивме, а чија тема беше исцрпена од природата. Тоа за нив беше потполно ново и различно откривање на магијата која звукот и музиката можат да ja создадат во секојдневниот живот.
Целиот проект траеше седум месеци, а денес на еден практичен начин покажавме што сме сработиле и научиле во текот на музичките работилници.

Напишете коментар