„Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планината Беласица преку брендирани други шумски производи“

Се одржа работилница на проектот „Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планината Беласица преку брендирани други шумски производи“

Во организација на општина Струмица и невладината „Натура Нова“ од Струмица, денеска, во салата на Советот на општина Струмица се одржа воведна работилница на проектот „Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планината Беласица преку брендирани други шумски производи“. На работилницата учествуваа партнерите во проектот, приватни компании и здруженија на граѓани од регионот, а беа презентирани планираните активности и очекуваните резултати на проектот. Овој проект е во рамките на Проeктот за „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ кој e финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целта на овој проект е да помогне да се заштитат природните ресурси, истовремено подобрувајќи го и квалитетот на животот на локалното население.

Напишете коментар