Започнаа со работа групите за донесување на ЛЕАП за животна средина

Општина Струмица ги интензивира активностите за донесување на Локален еколошки акциски план за заштита на животната средина за периодот 2016 – 2020 година. Откако локалниот управен комитет беше усвоен од членовите на Советот на општина Струмица, во организација на Секторот за локален економски развој и заштита на животната средина се одржа работен состанок на кој со работа почнаа групите кои учествуваат во донесувањето на ЛЕАП за заштита на животната средина. Формирани се пет групи во кои работи тим од 30 луѓе и тоа експерти од заштитата на животната средина, претставници на граѓанскиот и бизнис секторот, земјоделци, претставници на повеќе институции на локално и државно ниво, а вклучена е и консултантска куќа.
На работниот состанок се разгледуваа постоечкиот ЛЕАП и можните фактори кои влијаат на загадувањето на животната средина.

Напишете коментар