Започнаа подготвителните работи за асфалтирање улици во населените места

Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година на општина Струмица, започнаа подготвителните работи за асфалтирање на улици во населените места. Деновиве за асфалт се подготвуваат вкупно 5 улици во населеното место Дабиле, по нивното асфалтирање, градежните работи ќе продолжат во населените места Сачево и Муртино. Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на општина Струмица.

Напишете коментар