Започна увидот за проценка на штети во општина Струмица

Комисијта за утврдување и процена на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица, постапувајќи по барањата од граѓани кои пријавиле штета од јануарските снежни врнежи, денес беше на увид во селото Куклиш. Според информацијата што ја добивме од претседателот на Комисијата, Ацо Ѓоргиев, денешниот увид покажал дка најголемиот број пријави се однесуваат на штети на оранжерии – пластеници. Вчера, Комисијата формираше две поткомисии, составени од стручни лица, од кои едната во текот на утрешниот ден, ќе продолжи да врши увид во Куклиш, а другата во останатите населени места во општина Струмица. Инаку, до Општина Струмица пристигнаа преку 60 барања за утврдување и проценка на штета, од кои дури 45 се од граѓани на Куклиш.
Откако ќе биде завршен увидот и проценките за настанатата штета, истите ќе бидат доставени до Републичката комисија за процена на штети, а потоа и до Владата на Република Македонија, која ќе донесе конечна одлука, дали и колку проценти ќе изнесува евентуалното обештетување.

Напишете коментар