Започна со работа детската градинка „Малото Славејче“

Возбудени и со насмеани лица но и по малку уплашени, дечињата заедно со нивните родители денес ги исполнија просториите во новата градинка „Малото славејче“ во с.Моноспитово.

Топло добредојде на нашите мали славејчиња им посакаа градоначалникот г-дин Љупчо Колев и директорката г-ѓа Даниела Трајкова со желба за успешна работа, многу насмевки, учење, забава, дружење и детски игри.

Градинката „Малото славејче“ работи во склоп на градинката „Прва радост“ во Василево, и нејзиниот почетен капацитет изнесува 40 деца.

Напишете коментар