Започна кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Општина Струмица преку Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со основните училишта, ја започна кампањата за сообраќајна култура, која во наредните три месеци ќе се реализира во соработка со МВР и ОБСЕ. Во текот на кампањата се предвидува промоција на сообраќајни линијари, спроведување на едукативни предавања во воспитно-образовните институции и промотивни настани за подобрување на свеста на сите учесници во сообраќајот, со крајна цел да се заштитат децата и да се намали бројот на повредени деца во сообраќајни незгоди.
Учениците од основните училишта на едукативните предавања со активно учество на нивните наставници, ги читаа пораките за внимателно возење и имаа прилика да поставуваат прашања во врска со правилното однесување во сообраќајот. На крајот од предавањата им беа поделени линијари, збогатени со цртежи од сообраќајни знаци и пораки од сообраќајната култура.

Напишете коментар