Започна изградбата на спортското игралиште во Дукатино

Во Дукатино започна изградбата на повеќенаменското спортско игралиште, овој проект е финанскиран со средства од буџетот на општина Василево.
DSC_0311-1024x681
Изградбата на ова игралиште, како што информираше градоначалникот Стојанов, значи продолжување на вложувањата во спортската инфраструктура во општината, заради развој и популаризирање на спортот меѓу жителите на сите населени места во општина Василево.
DSC_0318-1024x681
Игралиштето е со стандардни димензии, 42 х 26 метри, ќе биде осветлено со рефлектори, што значи на ова игралиште ќе може да се спортува и во вечерните часови.
DSC_0320-1024x681
Со изградбата на ова повеќенаменско игралиште и во ова населено место, како што е веќе случај во повеќето населени места, ќе се створат услови за организирање на турнири, спортски натпревари и други настани преку кои се популаризира спортот на територијата на општина Василево

Напишете коментар