Заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов ја посети општина Василево

Заменикот министер за локална самоуправа г-дин Љупчо Пренџов денеска ја посети општина Василево.
Целта на посетата како што изјави г-дин Пренџов е објавениот јавен повик за проекти за прекугранична соработка со Република Бугарија. „Ценев дека како заменик министер треба да ги посетам најголемиот дел од општините од Североисточна, Источна и Југоисточна Македонија, затоа што претходниот програмски период и соработката со Република Бугарија се покажаа како исклучително успешни затоа што реализиравме нешто повеќе од 90% од средствата што беа наменети за прекуграничната соработка со Република Бугарија“.
Вредноста на овој повик е 7,25 милиони евра и е за проекти кои се однесуваат на подобрување на бизнисот пред се развојот на мали и средни претпријатија, културното наследство и туризмот и заштита на животната средина и климатските промени.
Заменик министерот Пренџов, преку медиумите упати апел до сите релевантни субјекти да аплицираат со што е можно повеќе свои проекти кои би значеле решавање на приоритетните прашања без оптоварување на општинските буџети.
Градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов најави дека општина Василево веќе е во преговори со две општини од Република Бугарија со кои со заеднички проекти ќе аплицираат за Европски средства. Имајќи го искуството од претходниот повик кога општина Василево успешно го имплементираше проектот „Рака за рака малите Бугарчиња и Македончиња“, кој како што рече градоначалникот Стојанов е избран за најдобар проект од претходниот повик, општина Василево не само што ќе учествува со апликации во овој повик туку очекува истите да бдат позитивно оценети и се разбира успено реализирани.
Во рамки на денешната посета заменик министерор ја посети и детската градинка „Прва радост“ во Василево која е изградена со средства од Програмата за прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р.Македонија.
Ова беше прва посета на заменик министерот за локана самоуправа г-дин Љупчо Пренџов на општина Василево, а градоначалникот Стојанов го искористи поводот и подарувајќи му дел од промотивните материјали за годинешната манифестација Ден на празот, го покани да присуствува на истата.

 

Напишете коментар