XI „Роднокрајни поетски средби“

Вечерва, 08 февруари 2017 година (среда), во кафе бар „Селект“, здружението за развој на
култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ ги организира
единаесетите по ред „Роднокрајни поетски средби“.​

Станува збор за поетска манифестација која веќе редовно се одржува на различни локации во
Струмица и струмичко и истата има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема
уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Секој што
пишува или има што да каже може да биде дел од овие средби, во иднина оваа
манифестација ќе го прошири самиот формат, па освен поети, ова е идеално место да се
претстават и луѓе кои се занимаваат со перформанс, stand up, слем поезија, free style
изразување, MC-a и што уште не. Да се биде отворен кон сите нови форми на интерпретација е
од исклучителна важност, со проширувањето на кругот на учесници ќе се создаде уште
поширокогледа платформа.​

Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и 10тина
етаблирани поети од Македонија и странство.​

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање,
презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од
Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, а ја имаат желбата тоа да го
направат пред публиката која со будна уво и душа е спремна да го чуе секој нов стих напишан
од оние кои се презентираат. Самата цел на настанот е доближување на творештво поблиску
до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо.
XI_RKS_A3

Напишете коментар