„Воведување на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во Струмјани и Василево“,

Општините Василево и Струмјани одржаа заедничка обука во рамки на проектот „Воведување на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во Струмјани и Василево“, финансиран во рамки на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка. Овој е втор заеднички проекти што двете соседни општини го имплементираат со Европски пари.

Конкретно се работи за воведување на обовливи извори на енергија во подрачното училиште „Гоце Делчев“ во с. Седларци, општина Василево, со што истото ќе се вброи во редот на енергетско ефикасните објекти и воведување на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија за јавно осветлување во најголемото населено место во општина Струмјани, с. Микрево.

На работилницата присуствуваа и градоначалниците на двете партнерски општини, г-дин Ванчо Стојанов и г-дин Емил Илиев.

„Во почетна фаза сме на реализација на новиот проект од прекугранична соработка со општина Струмјани. Имаме големо заедничко искуство од изминатиот период, добитници сме и на награда за најдобро имплементиран проект. Суштината на овој проект е енергетска ефикасност. Во општина Василево ќе имаме целосна реконструкција на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во с. Седларци. Проектот опфаќа промена на столарија, кровна конструкција, термоизолациона фасада, систем за топловодно греење и поставување на панели за производство на струја што значи училиштето само ќе произведува струја која ќе се акумулира и користи за напојување на уличното осветлување во Седларци и за рефлекторите на повеќенаменското игралиште“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој патем додаде дека проектот ќе стане пример за успешно градење на енергетско ефикасни објекти и дека се надеваат повторно да бидат наградени за успешната имплементација.

„Во општина Струмјани ќе биде изградено енергетско евикасно улично осветлување како одлично решение на инфараструктурата бидејќи ќе овозможи замена на старите дотраени светилки со нова лед технологија, изјави градоначалникот на општна Струмјани г-дин Емил Илиев, кој потенцираше дека соработката со општина Василево е исклучително успешна бидејќи освен чисто техничката корист од проектите особено битна е и одличната соработка меѓу тимовите од двете општини.

Напишете коментар