Во Василево ќе се одржи Меѓународен турнир во стрелање глинени мети

Во четврток, 08. 09.2016 година, по повод Денот на независноста на Република Македонија, во организација на ЛД „Фазан“ од Василево и под покровителство на општина Василево ќе се одржи Меѓународниот турнир во стрелање глинени мети.

Турнирот се одржува на стрелиштето кај браната Турија, а на него редовно учествуваат и ловџиите од ловните друштва од соседството.

Денес механизација на ЈП„Турија“, Василево, ангажирана од општина Василево работеше на уредување на теренот на стрелиштето и околината подобрувајќи ги условите и амбиентот во кои ловџиите ќе ја одмерат својата прецизност.

Според информации од организаторот, во натпреварот ќе учествуваат околу 70-тина ловџии од 27 ловни друштва од државата и странство.

За најдобрите поединци и екипи организаторот има обезбедено дипломи и медаљи.

Напишете коментар