Во првата недела од февруари пожарникарите имале седум интервенции

Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица во првата недела од месец февруари имала вкупно седум интервенции. Како и во претходниот период, најголем дел од интервенциите се гасење на запалени оџаци на индивидуални семејни куќи и колективни станбени згради, а останатите се гаснење на запален отпаден материјал и друг вид интервенции од надлежност на противпожарната единица.
Поради зачестените интервенции во гаснење на запалени оџаци, од противпожарната единица апелираат до граѓаните дека се уште може да се исчистат оџаците доколку тоа не е направено во пролетните и есенските месеци, но тоа да не го прават сами, туку, да побараат стручна помош од единицата.

Напишете коментар