Во новата учебна година ќе се отвори група со целодневен престој на деца во градинката „Детска радост“

За прв пат од оваа нова учебна 2018/2019 година во просториите на клон 2 – градинка „Парк“, ќе се отвори група за целодневен престој на деца на возраст од 6 до 10 година. Со децата ќе работи едуциран персонал – воспитувачи за одделенска настава. Јавната образовна установа детска градинка „Детска радост“ ги известува родителите кои се заинтересирани за престој на нивните деца во групата дека пријавувањето е во тек и се врши во дирекцијата, а дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 034 321 397.

Напишете коментар