Во ноември решени 150 проблеми на граѓаните преку „Систем 48“

Во текот на месец ноември во општинскиот сервис „Систем 48“ биле примени вкупно 178 пријави за проблеми на граѓаните од повеќе области. Од нив надлежните општински служби решиле 150, а останатите 28 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48
часа. Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 117, од областа на собирање смет 16, водовод и канализација 7, а останатите се од други области.
Од „Систем 48“ апелираат до граѓаните на општина Струмица за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може во определениот рок да се интервенира по доставените пријави, а истовремено им се заблагодаруваат за користењето на услугите на овој општински сервис.12391121_906924329360998_1220859202259420570_n

Напишете коментар