ВИКТОРИЈА КОЛЕВА од ОУ “Герас Цунев” – Просениково победник на Јо-Јо аудицијата

По внимателно преслушување на сите финалисти, долго размислување и со тешка одлука, Нашето жири одлучи дека сепак има еден најдобар финалист. Победникот на петтата по ред ЈоЈо Аудиција е 🎤 ВИКТОРИЈА КОЛЕВА од ОУ “Герас Цунев” – Просениково.
Честитки од сите членови од Здружението ЈОЈО КИДС до победникот, кој добива песничка и учество на ЈОЈО Фестивал 2018.
На останатите финалисти и учесници на ЈоЈо Аудиција им посакуваме повеќе среќа наредната година, а воедно се здобиваат со право на учество во Хорчето на ЈОЈО Фестивал 2018.
До наредната година, бидете умни и послушни и слушајте детски песнички…

Напишете коментар