Викенд на рап битки во Струмица

Младински совет – Струмица ја започнува сезоната 2017/18 со урбани викенд-активности. Утре и сабота, 6 и 7 октомври во Струмица ќе танцуваат, цртаат и ќе се натпреваруваат многу андерграунд артисти од Струмица и цела Македонија.

Во сабота пред Младински совет со почеток во 13:00 часот ќе се одржи работилница за Основи на бетл рап со Драги Иванов – Кискинов (член на групата Дивизија и еден од основачите на Рап СКилз движењето), а во 13:30 часот започнува работилницата за основи на диџејство со Бошко Ивковиќ – DJ Popeye.

Главниот настан Rap Skillz ќе започне вo сабота од 19:00 часот на градскиот плоштад.
Тоа е натпреварување на претходно напишани акапела текстови чиј формат има гостувано во повеќе градови во Македонија, а викендов во Струмица ќе биде неговото полуфинале.

Натпреварувањето се базира врз три рунди во кои противниците ќе ги покажат своите вештини, па според тоа судиите ќе го одлучат победникот.

Гости-диџеи кои ќе ја започнат рап забавата ќе бидат Марко Ортографија и DJ Popeye.

Напишете коментар