Велигденска честитка од Зоран Пакетов- ОК.Вмро Дпмне- Струмица

Почитувани граѓани на Општина Струмица

Во овие денови на радост, кога сите ние го празнуваме најстариот
Христијански Празник, денот на Христовото Воскресение, ОК ВМРО ДПМНЕ
Струмица на сите православни вернициим го честита Велигден и посакува
да го прославиме заедно успокојувајќи ги душите со вербата во Бога, кој го
осветлува пред нас единствениот благороден пат, патот на верата,
традицијата и човековиот соживот.

Христос Воскресе за спасението на човековиот род. Тоа е суштината на
Христијанството, потврда и на самата вера,
Да празнуваме и да се радуваме.

Овој голем Христијански празник е можност да се истакне дека сега повеќе
од било кога треба да ги надминеме сите разлики кои стојат помеѓу нас и
сплотени како еден да ги надминеме заедно, во духот на воскресението
Христово да ја обновиме верата во подобро утре за нас и генерациите кои
доаѓаат по нас.

Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово и нека Господ не
обдари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме и негуваме она што ни
го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно и чесно.

Христос воскресна, навистина воскресна!​

Напишете коментар