Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево

Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василев
По повод големиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов упати честитка до своите сограѓани – припадници на православната вероисповед.

Почитувани сограѓани припадници на православната вероисповед

Во пресрет на најголемиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, од мое лично име, од име на локалната самоуправа и од името на на Советот на општина Василево, Ви посакувм добро здравје, среќа и убави празнични денови.

Велигден е празник на надежта и смислата на нашето постоење. Затоа ширум да ги отвориме вратите од нашите домови и велигденската радост и убавина да ја поделиме со нашите блиски, со нашите пријатели, роднини, соседи… со сите драги луѓе кои ги познаваме и среќаваме.

Да дозволиме светлината на овој празник да ги исполни нашите души и срца, да ни ја даде толку потребната сила и верба да ги надминеме меѓусебните недоразбирања, да се приближиме едни кон други и со верба во себе и во Бога, сплотени да зачекориме кон поубаво утре.

Празничните денови нека бидат исполнети со спокојство и хармонија, со радост и духовен мир.

Благодарни за она што го имаме да му се радуваме на животот.

Ви посакувам мир и спокој во душите, љубов и радост во срцата, среќа и бериќет во домовите.

Нека ни е честит Велигден

Христос Воскресе – Навистана Воскресе

Напишете коментар