Велигденска честитка од градоначалникот на о. Ново Село

Почитувани граѓани на општина Ново Село,
Пред нас предстои викенд кој е од големо значење за сите Македонци, за време на кој ќе ги прославиме чудата кои ги носи нашата вера.
Иако живееме во време на големи искушенија, во време на немири и деструкција, да се помолиме дека приказната за Христовиот триумф над смртта ќе не врати на вистинскиот пат.
Со триумфот на надежта над очајот, на вербата врз сомнежот, и знаењето, дека постои нешто кое е поголемо од нас, ќе успее да не обедини во едно нас Македонците.
Да се обединиме и да го дочекаме Воскресението на Христа, на оној, кој го дал својот живот за ние да можеме да живееме.
Иако корените на овие настани се длабоко во историјата, денес, сеуште не инспирираат, не водат и јакнат.
Не потсеќаат на нашата одговорност кон Бога и не потсеќаат на одговорностите кои ги имаме еден кон друг.
Ни даваат сила за да се соочиме со сегашноста и да ја изградиме иднината.
За време на овие свети денови да се посветиме на следењето на Божјиот пример.
Да се потсетиме дека кои и да сме, што и да имаме постигнато во животот мораме да останеме скромни пред семоќниот Бог.
На сите граѓани им посакувам среќни празници.
Да сакаме и служиме еден на друг наместо да палиме и уништуваме.
Да го прославиме воскресението на Христа во мир, љубов и спокојство,
Бог да не благослови сите,
Христос воскресе, вистина воскресе…!

Напишете коментар