Вечерва Започнува 23 Издание на Ристо Шишков

Вечерва со почеток во 20 часот во центарот за култура „Антон Панов“ свечено ќе биде отворено 23-то издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Први на сцената ќе се појават актерите кои играат во претставата „Каиновата лузна“ од Владимир Кецмановиќ и Дејан Стојилковиќ во изведба на театарот од Шабац од Србија. По оваа на репертоарот е претставата „Среќен крај“ од Идо Нетанјаху во режија на Благој Мицевски на театарот од Битола и вечерашната понуда ќе заврши со монодрамата „Надежда Петровиќ“ во изведба на Билјана Џуровиќ во продукција на Фестивалот на монодрама и пантомима Црна Гора.

За единствената награда за најдобро актерско остварување која се состои од златен медалјон со ликот на актерот Ристо Шишков и парична награда во вредност од 1.500 евра, годинава ќе се натпреваруваат 64 актери кои играат во 12 претстави во официјалната конкуренција, а ќе биде изведена уште една во чест на наградениот актер.

И годинава фестивалот најголемата финансиска помош ја има од градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица, за прв пат финансиски е поддржан од НЕТА (Нова европска театарска асоцијација) преку Советот на Европа за култура, а традиционално минимално е поддржано од министерството за култура, иако се работи за меѓународен и реномиран фестивал кој што се одржува во чест на бардот на македонското глумиште, Ристо Шишков.

Напишете коментар