Вечерва Самостојна Изложба на Александар Филев од Циклусот Црвениот Бик

На 25 септември (петок) во просториите на НУКЦ „Антон Панов“ во 19:30 ќе се одржи самостојна изложба на уметникот Александар Филев. Делата што ќе бидат изложени се категоризирани под циклус насловен како „Црвениот бик“.
Александар Филев е роден во 1982 година, во Струмица. Своето образование го почнува во средното училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ – Скопје, за да продолжи на Факултетот на ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф. Благоја Маневски. Од 2001 година е асистент во отвореното студио за современ мозаик. Учествува во изработката на монументалните мозаици во Меморијалниот центар во с. Пелинце, како и во повеќе ликовни проекти и групни изложби. Неговите дела се наоѓаат во многу приватни и државни збирки и институции, меѓу кои и во Меѓународната струмичка ликовна колонија, Музејот за современ мозаик Брациано – Италија, но и како мозаични решенија на повеќе сакрални објекти.

Напишете коментар