Вечерва ќе се одржи 5 та Форумска Сесија на о. Василево

Општина Василево ги поканува граѓаните да земат учество во работата на петата форумска сесија од Буџетскиот форум, која ќе се одржи во понеделник, 14.12.2015 година, со почеток во 18,00 часот во мотелот Мис Стон.
На оваа форумска сесија ќе се гласа за приоретизирање на вкупно 30-те предложени проекти кои општина Василево треба да ги имплементира во наредната 2016 година.
Општина Василево Буџетскиот форум го спроведува во рамки на програмата „Форуми во заедницата“, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), и Единицата за координација на форумите.

 

Напишете коментар