Вандалите Повторно Дивеат во Паркот во Струмица

Урбаната опрема во големиот градски парк повторно беше мета на вандалско однесување од страна на непознати сторители. Вандалите искршиле уште една канделабра, трета за еден месец. Во Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ се згрозени од овој вандалски чин, исто така и граѓаните во нивните реакции. Случајот е пријавен во СВР Струмица.
Ова не е прво уништување на урбаната опрема во големиот градски парк. Кон крајот на минатата година беа искршени повеќе канделабри, а оштетени поголем број корпи за отпадоци и клупи.
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ и општина Струмица апелираат до несовесните граѓани да престанат со уништувањето на урбаната опрема во паркот затоа што таа е набавена со пари од граѓаните и им служи на сите граѓани.

Напишете коментар