Уредена уште една Јавна Површина

Денеска продолжи акцијата за уредување и озеленување на јавни површини во градот во организација на еколошкото здружение „Планетум“, а со финансиска поддршка на општина Струмица. Нов лик доби јавната површина на улицата „Младинска“ во непосредна близина на основното општинско училиште „Никола Вапцаров“. Според Катерина Аџискерлева координатор на проектот „Зелена граѓанска акција во Струмица“, во акцијата учествуваа ученици од средното општинско училиште „Димитар Влахов“ кои заедно со Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ извршија уредување и засадување на цвеќињата, а волонтери на Младинскиот совет делеа флаери на граѓаните кои живеат во тој дел на градот за подигање на јавната свест за одржување на јавните површини во градот.

Напишете коментар