Улицата „Моша Пијаде“ се Подготвува за Нов Асфалтен Слој

Нов асфалтен слој ќе биде поставен на улицата „Моша Пијаде“. Подготвителните работи започнаа со висинско прилагодување на капаците на шахтите на водоводната и канализационата инфраструктура и на решетките од уличните сливници. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ апелираат до граѓаните за разбирање додека траат овие градежни активности.

Висинското прилагодување на капаците на шахтите е веќе завршенона улиците „Братство Единство“ и „Браќа Миладинови“, а според програмата на општина Струмица за оваа година, со ваков градежен зафат ќе биде опфатена и улицата „Ристоман Попчевски“ на потегот од улицата „Маршал Тито“ до улицата „Спиро Захов“.

На сите четири улици со реконструкцијата се опфатени вкупно 45 лиено – железни капаци и 50 сливни решетки.

По целосното завршување на висинското прилагодување на капаците на шахтите, на истите ќе биде поставен нов асфалтен слој.

Напишете коментар