Училишен натпревар во англиски јазик под мото „WE LOVE ENGLISH“

На ден 26.02.2016 год., во просториите на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица се одржа училишен натпревар во англиски јазик под мото „WE LOVE ENGLISH“.

Натпреварот се организираше за учениците од 5 – то, 8 –мо и 9 –то одделение по однапред утврдени правила и критериуми, согласно Правилникот за организирање на натпревари. Натпреварот има за цел поголема мотивираност за учење на англискиот јазик, јакнење на натпреварувачкиот дух и зголемување на самодовербата кај учениците.

На училишниот натпревар учествуваа вкупно 41 ученици, и тоа: од 5 – то одд. – 20 ученици, од 8 – мо одд. – 17 ученици и од 09 – то одд. – 4 ученици. За учениците на натпреварот училиштето обезбеди пригодни награди.

За сите ученици – учесници им беше доделена Благодарница, а за најдобро рангираните, односно 1 – во, 2 – ро и 3 – то место им беше доделено Диплома со соодветна награда.

Од учениците од 5 – то одд. на училишниот натпревар 1 – вото место беше освоено од ученикот Љупка Карастоева, 2 – рото место припадна на ученикот Ѕвезда Андонова и 3 – тото место, Мартина Гогова.

Од учениците од 8 – мо, 1 – во место освои ученикот Милена Ковачева, 2 – ро место освои Ружица Минова, и 3 – то место – Јована Станојкова

Училишниот натпревар беше поддржан од локалната самоуправа на општина Босилово, како и спонзорите Колид – S Team, Грозд – Струмица и Дигинет – Струмица.

Напишете коментар