Учениците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица во промовирање на детските права и интеркултурната комуникација

Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, кој се спроведува од општина Струмица во партнерство со Македонскиот центар за граѓанско образование-Скопје и финансиски поддржан од Детската Фондација Песталоци од Швајцарија, учениците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, во рамките на Светската недела на детето, која се одржува од 5 до 11 октомври, ги промовираа детските права и интеркултурната комуникација.
Кампањата водена под мотото „Сите деца со исти права. За подобро утре“, произлегува од пошироката коалиција на повеќе НВО, како промоција на детски права и интеркултурната комуникација.
Инаку, учесниците во оваа кампања претходно на летен камп стекнаа вештини и знаења, имаа можности да научат за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација како и можности за изработка на акционен план за промоција на детските права, интеркултурната комуникација, различните вредности и толеранцијата помеѓу децата и младите од различни култури. Во овој проект општина Струмица како и секогаш ја даде својата сестрана поддршка, овој пат во печатењето на промотивниот материјал – флаери и маици за учесниците.

Напишете коментар