Учениците од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, со кампања за поголема безбедност на пешаците

Со поддршка на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО), преку Програмата за мали грантови, учениците од сообраќајната секција при општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Струмица, со нивното мото „Пешак сум, треба да знам“, започнаа со кампања за почитување на пешаците и културниот сообраќај. На неколку локации пред пешачките премини и главни сообраќајници во Струмица, учениците заедно со нивните наставници и поддршка од СВР Струмица, со делење на флаери со едукативна содржина, ги запознаваа пешаците и сите други учесници во сообраќајот. Општина Струмица, преку Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот обезбеди дел од едукативните флаери, со порака „Однесувајте се одговорно во сообраќајот за доброто на сите деца на нашите улици и патишта“.

Напишете коментар