Ученици од Струмица учествуваа на првиот национален Microsoft Office Specialist натпревар

Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица од секогаш го поддржувале образованието и надоградувањето на учениците од основните и средните училишта. Финансиска поддршка доби и официјалниот квалификациски натпревар Microsoft Office Specialist, кој се одржа од 21 до 26 мај во средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица. На натпреварот учествуваа вкупно 105 ученици од основните и средните училишта во општина Струмица. Натпреварот се одржуваше во два односно три термини на ден. Од вкупниот број учесници, тројцата најдобро рангирани учествуваа на првиот национален Microsoft Office Specialist натпревар кој што се одржа вчера во Скопје. Учениците Гордана Гошева од СОУУД „Димитар Влахов“ под менторство на Весна Николова, Ѓорги Кренков од СОУ „Јане Сандански“ под менторство на Славица Милева Ефтимова и Дарко Перовановиќ од истото училиште, а под менторство на Бобан Цветковиќ, добија сертификат, 5.000 денари и ваучер за посета на курс по избор од СЕМОС едукација.

Напишете коментар