Ученици од ООУ „Видое Подгорец“ во посета на општина Струмица

Учениците од четвртите одделенија во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ денеска ја посетија општина Струмица. Ова е традиционална посета која се реализира во овој период од годината од основните училишта, а во рамките на совладувањето на материјалот што го изучуваат по предметот Општество. Целта беше на лице место учениците да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа и на нивните прашања во кабинетот одговараше вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. Учениците ја посетија салата во домот на АРМ каде што се одржуваат седниците на Советот.

Напишете коментар