Ученици од мешан етнички состав во ООУ „Маршал Тито“ во заедничка активност „Кое годишно време го сакам“

Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица се реализираше заедничка воннаставна активност поврзана со четирите годишни времиња преку еколошката секција во која беа вклучени ученици од четвртите одделенија кои следат настава на македонски и турски наставен јазик, насловена како „Кое годишно време го сакам“.
Во интерактивна атмосфера, со презентери на македонски и турски јазик, учениците споделија искуства, развиваа ставови за почитување на мислењето на другите и развиваа вештини за соработка и интеракција меѓу учениците од различните етникуми.
-Самиот концепт за меѓуетничка интеграција во образованието вклучува промовирање на активности за мултикултурно учење и заеднички активности помеѓу учениците од различни етнички заедници. Токму со оваа цел е и реализацијата на оваа наша активност во која беа вклучени ученици од мешан етнички состав ( Mакедонци и Tурци ) кои беа поделени и работеа во четири групи под менторство на наставниците Марија Јанакова одделенски наставник на македонски јазик и наставникот Мејдин Усeинов одделенски наставник на турски јазик. Преку ваквите активности настојуваме меѓу учениците да се гради и зајакнува меѓусебната доверба за намалување на предрасудите и стереотипите кои постојат за другите, рече Благица Устапетрова директор на ООУ „Маршал Тито“.

Напишете коментар