Трибина на УМС Струмица – “Идеологија на ВМРО и Историја на УМС“

Вчера вечер во 18:00 часот во НУЦК Антон Панов се одржа трибина организирана од УМС под наслов “Идеологија на ВМРО и Историја на УМС“. На трибината што ја отвори Претседателот на локалниот огранок Владимир Ристов, учество зедоа членовите на Комисијата на Политиколози на УМС, а на трибината беше присутен и првиот претседател на УМС. – Драган Димишков. -Младите од овие генерации имат чест да бидат современици на директни учесници во сите поважни настани од времето на демократијата во земјата. Истовремено ја имат и задачата пред генерациите на 21 от век да сведочат за овие подвизи и за идеологијата на ВМРО, рече Ристов. На трибината зборуваа Драгана Каловска од Клубот на оратори “Forum oratores” и Борјан Топуковски од Комисијата на Политиколози за идеологијата со осврт на историјата на ВМРО и премрежјата низ кои поминува, а воедно Топуковски ја потенцираше Струмица како регион кој допринесе кон изградбата на организацијата.

Напишете коментар