Трибина на тема-„Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“

Здружението Лумен Струмица, Истражувачки центар за безбедност,одбрана и мир – Скопје одржаа трибина под наслов „Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“ која е дел од истоимениот проект кој е финансиран од Општина Струмица преку V2 програмата за социјална заштита за 2015 година.
На трибината се зборуваше за безбедносната култура кај младите, предизвиците и ризиците. Беа презентирани резултатите од активностите како што се студиите и анкетите кои беа спроведени во тековната година Во исто време ќе биде промовирана публикација под наслов „Влијанието на безбедносната култура кај младите во локалната заедница“ која содржи прирачник за безбедносна култура, истражувачки извештај и поимник за безбедносна култура.

Напишете коментар