Точно на полноќ -Прво па машко

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, го посети првото бебе родено на самиот почеток на Новата година во струмичката болница. Му подари штедна книшка со 20 илјади денари и му посака да биде живо и здраво, да расте големо, среќно и весело, да биде вреден граѓанин на Општината и од мало да се научи да штеди. Бебето е машко, втора рожба на Сања Христова од селото Дабиле. Градоначалникот Јаневски на мајката и посака многу здравје, лична и семејна среќа.

Напишете коментар