Тимот на СОУ „Јане Сандански“ од ЈЕИЛ Универзитетот се вратија со 4 златни медали

Ученичките Тијана Иванова, Магдалена Стојанова и Ивана Цветанова под менторство на професорките Верица Јанкова и Натка Јанкова од средното општинско училиште „Јане Сандански“ се вратија од ЈЕИЛ Универзитетот во Соединетите американски држави. Тие учествуваа на финалниот натпревар по англиски јазик и освоија четири златни медали. Поради големиот успех што овој тим го постигна на овој финален натпревар, а претходно постигнувајќи одлични резултати на преелиминарниот натпревар во Дубаи и полуфиналниот во Атина на 11 и 12 април 2018 година финалето на Светскиот ученички куп кое што секоја година се одржува на ЈЕИЛ Универзитетот во САД ќе се одржи во Струмица.

Напишете коментар