Тешко повреден жител на Турново во сообрќајна несреќа

На 19.04.2016 година во 14.25 часот на магистралниот пат во с.Турново се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Форд Транзит“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.Х.Н. (34) од Софија-Р.Бугарија и запрежно возило управувано од К.Ц. (67) од с.Турново. Во незгодата К.Ц. се здобил со тешки телесни повреди по што е пренесен во Медицински центар Струмица каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Напишете коментар