Тешка Сообраќајка во Струмица

Комбе со валандовски регистарски табли, удри во автомобил „форд“ со струмички регистарски табли, утрово околу 6 часот на раскрсницата кај силосите на „Жито Струмица“ во Струмица.

 

Во сообраќајната незгода возачот на автомобилот, роден 1995 година е повреден и пренесен во Струмичката болница. Според очевидците на настанот,дејствувала  противпожарната екипа поради големото оштетување на автомобилот, успеала момчето да го извади од задното странично стакло.

Фото-Струмицанет

Напишете коментар