Тампонирање на полските патишта

Градоначалникот Коста Јаневски и општина Струмица исполнуваат уште едно ветување кон жителите од населените места, тампонирање на полските патишта. Во завршна фаза е тампонирањето на осумте локации, а една од нив во населеното место Дабиле, ја посети и градоначалникот Коста Јаневски.

-За мене ова е многу значајно затоа што и идејата за тампонирање на полските патишта потекна токму од нашата Општина, односно, од нашите сограѓани кои што имаат потреба од нив. Бидејќи ингеренцијата на полските патишта е во Министерството за земјоделие, ние, таа иницијатива ја пренесовме и до нив, по што следуваше една поопсежна процедура околу објавувањето на тендерските постапки и можеби малку подоцна од тоа што го очекувавме, меѓутоа, еве се финишира уште еден убав проект. Барањата беа од граѓаните и во овој дел опфативме осум такви локации, во атарите на населените места Дабиле, Муртино, Просениково, Добрејци, вака ги посочувам овие населени места, меѓутоа, тие поврзуваат и други, тука е Муртино – Сачево, Дабиле – Просениково тоа е еден пат кој што планираме понатаму да биде и асфалтиран. Јас мислам ќе има ефект бидејќи и самите луѓе го бараа тоа. Вкупната должина е 6 километри, секако дека има потреба од повеќе, но како практика не била воспоставена досега, ова е за поздравување затоа што е почеток на реализација на една потреба која што нашите сограѓани ја имаат и која не се практикувала. Ова е почеток и јас се надевам и верувам дека се разбра потребата од тампонирање на ваквите патишта и дека таа ќе се развива во наредниот период. Некои од овие патишта, понатаму во нашите проекти за развој на нашата Општина, се потенцијални патишта кои можат да прераснат во сообраќајници со комплетно уреден и асфалтиран пристап, пред се за поврзување меѓу две населени места и полесна комуникација меѓу луѓето, рече градоначалникот Јаневски.

Жителите на Дабиле му се заблагодарија на градоначалникот Коста Јаневски за реализацијата на нивното барање за тампонирање на полските патишта.

Напишете коментар