СВР-Струмица- Измама Барале Пари за Превоз на Мигранти

Секторот за внатрешни работи-Струмица, Надворешна канцеларија за криминалистички работи – Гевгелија, до ОЈО-Гевгелија поднесе кривична пријава, против Р.П (42) од с. Стојаково, С.Ѓ (43) од Радовиш и И.С (35) од с. Селемли, државјани на Р.Македонија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „измама“ со намера да се стекнат со противправна имотна корист, предвидено и казниво по чл.247 ст.1 вв чл.45 од КЗ.

Имено, на ден 30.09.2015 година, пријавените доведувајќи го во заблуда пријавителот го измамиле со намера да се стекнат со противправна имотна корист а по претходна целосна организација и координација на првопријавениот. Околу 10,00 часот првопријавениот на второпријавениот му дал телефонски број од пријавителот кој се јавил на пријавителот и лажно му се претставил дека е „Бобан“ и дека е одговорен за превоз на мигрантите, кажувајќи му да остави во плик 200 евра со натпис „Дине“ и да ги остави на бензинска пумпа „Макпетрол“ во Гевгелија. Откако паричните средства биле оставени од страна на пријавителот на вработен на бензинската пумпа, повторно се слушнале по телефон каде на пријавителот му кажале дека превозот на мигранти ќе се изврши околу 20,00 часот. Откако го зеле пликот со парите му го предале на првопријавениот за што тој ги наградил. Истиот ден околу 17,00 прво пријавениот му се јавил на второпријавениот договарајќи повторно да се сретнат и повторно на истиот начин првопријавениот му рекол на второпријавениот да му се јави на пријавителот за да остави уште 200 евра во плик на име „Дине“ на бензинската пумпа. На пријавителот веднаш по повторното јавување му станало сомнително по што се јавил во полиција каде во координација со ОЈО Гевгелија и НК за КР Гевгелија, девизите криминалистичко-технички се обработени и во бел плик со напис „Дине“ се оставени на вработен на бензинската пумпа. Околу 18,00 часот пријавените се паркирале од спротивната страна на бензинската пумпа по што првопријавениот му кажал на третопријавениот да оди да го земе пликот. По доаѓање од страна на третопријавениот на бензинската пумпа го зел пликот и го ставил во внатрешниот џеб од јакната, по што од страна на полициски службеник веднаш е лишен од слобода. Прво и второ пријавените откако забележале што се случува го напуштиле лице местото. Од страна на НК за КР Гевгелија и ПС ОН Гевгелија преземени се мерки за откривање и фаќање на прво и второ пријавените.

Од извршените проверки утврдено е дека пријавените минуваат во евиденциите на МВР како сторители на повеќе кривични дела од областа на имотните деликти и дела поврзани со продажба и злоупотреба на опојна дрога…

Напишете коментар