СВР Струмица-Апелираме до сите учесници во сообраќајот  на целосно почитување на сообраќајните правила и прописи 

Секторот за внатрешни работи Струмица – Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај  -Струмица, во текот на месецот континуирано превзема засилени превентивно-репресивни акциски контроли  наменети за сите учесници во сообраќајот особено за мотоциклистите, велосипедистите со мотор и мопедите, во централното градско подрачје и населените места во Струмица. Цела е намалување на прекршоците, сообраќајните незгоди и последиците од истите, како и подигнување на безбедноста во сообраќајот, доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и подигнување на степенот на безбедносна култура. 
На 16.08.2018 година во времето од 19.00-01.00 часот на подрачјето на Струмица спроведена е репресивна акциска контрола и притоа констатирани се 32 прекршоци и 6 останати прекршоци и тоа:
4 прекршоци – нерегистриран велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли; 
4 прекршоци – необновена полиса за осигурување на велосипед со мотор и мопеди; 
4 прекршоци – управување моторно возило пред право на стекнување со управување со моторно возило;
3 прекршоци – управување велосипед со мотор и мопед до 50 к3 пред право на стекнување со истото –
2 прекршоци – управување моторно возило со несоодветна категорија ; сите 17 (седумнаесет) прекршители се исклучени од сообраќајот.  и
15 прекршоци  –  управување моторно возило без да носи заштитен шлем (кацига);  
Вакви и слични акциски контроли и понатаму ќе се спроведуваат кон сите учесниците во сообраќајот што ги кршат одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.  
Апелираме до сите учесници во сообраќајот  на целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и максимален придонес од сите за поголема безбедност и сигурност во сообраќајот.

ХР/МД.                        Началник на СВР-Струмица 
                                                                                   Танчо Пројковски                                          

Напишете коментар